Oпштина Охрид ја известува јавноста дека на ден 04.06.2018 година на Кеј „Македонија“ ќе отпочнат градежни активности околу рехабилитација на истата. Поради тоа улицата ќе биде затворена за сообраќај и тоа од пресекот со бул. „Македонски Просветители“ до пресекот со ул. „Јане Сандански“.

– Замолуваме сите возила кои се паркирани на гореспоменатата улица да бидат отстранети. Градежните работи ќе се изведуваат во време од 04.06.2018-18.06.2018 година. – информира општина Охрид.

OhridNews