Поради изведување на градежни активности на пумпната станица во Св.Еразмо која е дел од водоснабдителниот систем за селата Оровник, прочистување на бунарот и замена на пумпата за вода, Горенци, Требеништа и Подмолје, општина Дебрца го известува населението и деловните субјекти кои ги користат услугите на ЈКП Дебрца, дека почнувајќи од утре, среда, 01.03.2017 година и во наредните два дена, можно е да дојде до прекин со снабдувањето на вода за пиење во зависност од динамиката за работа и реалните услови на терен.

Општината апелира до локалното население и деловните субјекти за разбирање и рационално користење на водата за пиење.

OhridNews