Директорот на затворот „Скопје“ Филип Андонов за МИА потврди дека од денеска поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски е во затворот, каде почна да ја издржува затворската казна од две и пол години за злоупотреба на службената положба.

Панчевски е сместен во просторија за изолација согласно ковид – протоколите.
Панчевски е осуден во случајот Акмис, односно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година.
OhridNews











