Акциите  на Охридска Банка, во текот на вчерашното берзанско тргување, остварија раст од 150 денари. Ова е прв пораст на овие акции во 2010 година, по  последниот пад на берзата, од 29-ти декември 2009 година, кога истите се спуштија  на  2.250 денари. Цената на една акција од оваа банка сега изнесува 2.400 денари, што е за околу 600 денари помалку од највисоката цена што изминатата  година,  ја достигна оваа хартија од вредност.


Според податоците од Македонска Берза,  последниве тринаесет месеци, со купопродажба на акции од Охридска банка, биле направени 264 трансакции, при што бил остварен промет од 21.470.650 денари. При вчерашното  берзанско тргување, како резултат на трите трансакции, во чии што рамки биле истргувани 77 акции, бил остварен промет од 184.800 денари.

Ohridnews