Во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне 16 степени.
Од утре не очекува потопло време и пораст на дневната температура. Во понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2 степени, а дневната ќе достигне 18 степени.
Во вторник дневната температура ќе се движи во интервал од 18 до 25 степени, а таквото време се очекува да се задржи до крајот на седмицата.
Г.М.













