Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 27 степени Целзиусови, а УВ индексот 8.
За викендот не очекува во најголем дел сончево до умерено облачно и топло време со температури до 32 степени. Во попладневните часови во сабота и недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информира УХМР.
OhridNews












