Струшкиот третолигаш Караорман претрпе пораз 3-0 од екипата на Корзо. По ремито со Охрид 3-3, за стружани ова беше втор тест за само два дена со член од Втората македонска фудбалска лига.

Во подготвителниот период поразот од прилепскиот второлигаш е прв за фудбалерите на Караорман. Тие ремизираа без голови со Борча, 1-1 со 11 Октомври и 3-3 со Охрид.

По првата полусезона струшкиот третолигаш се најде на првата позиција еден бод повеќе од второпласираниот Влазними.

Мх.П.