Македонската фудбалска репрезентација и во следното издание на УЕФА лигата на нации ќе биде во Ц лигата, откако не успеа да заврши на првата позиција во една од групите. Во Б лигата од нашата група патува Ерменија, која вечерва во решавачкиот натпревар забележа минимален триумф над нашата селекција.

Заморот кај репрезентативците и комбинираниот состав си го направија своето. Македонија не ја повтори играта од претходните два натпревари во овој репрезентативен циклус, но не се посрамоти, иако изгуби. Погодокот со кој Ерменија ја совлада Македонија го постигна во второто полувреме. Нашата мрежа ја погоди поранешниот фудбалер на Вардар, Хамбаџумјан. „Црвено жолтите“, нападнаа, но немаа сили за изедначувачки погодок кој ќе ни донесеше пласман во Ц лигата.

Сепак, на македонските репрезентативци не може ништо да им се замери, бидејќи главната цел ја остварија, со пласманот на Европското првенство.

OhridNews
Фото: Екипа.мк