Подмладената репрезентација на Македонија загуби на отворањето на Европското првенство. Попладнево во Дебрецин, Унгарија, Словенија ја совлада Македонија со 27:25 (13:10).
Македонија, која играше без селекторот Лазаров кој е повреден, одлично го отвори мечот со серија и водство од 4:1. Но словенците возвратија со 5:0, го презедоа водството и не го испуштија до крајот на полувремето. И покрај неколкуте израмнувања грешките во клучните моменти во финишот не чинеа минус од три гола на полувреме.

Мартин Томовски на голот на Македонија беше извонреден со 15 одбрани, а одлична партија имаше левото крило Цветан Кузманоски кој постигна 7 гола.
Следен противник на „црвено-жолтите“ е Црна Гора. Мечот се игра во сабота во 18 часот.
Г.М.










