Олимпијакос на Антиќ, на домашен терен, загуби од Макаби со 67:73. Македонскиот репрезентативец имаше учинок од седум поени, два скока и исто толку асистенции.
Најефикасен кај европскиот првак беше Спанулис со 19 поени, Макаби до победата го предводеше Логан со 20 поени.
По 12 рунди двата тима, заедно со Химки и Монтепаски имаат идентичен скор од 7 победи и пет порази. Химки му го нанесе 10-от пораз на Фенербахче во оваа фаза, откако забележа
победа од 99:76.
Бо Мекејлеб беше единствената светла точак во турскиот тим, натпреварот го заврши со 18 поени, седум асистенции, пет украдени топки и една асистенција. Во победата на Химки најефикасен беше Копонен со 21 поен.
Екипата на Бешикташ ја запиша првата победа во Топ 16 фазата, откако во неизвесен натпревар го победи Монтепаски со 72:70.