Поројните врнежи што деновиве го зафатија Охрид, предизвикаа оштетување на дел од патната инфраструктура. 



Поројот од планината Галичица на места го поткопа патот кон селото Велестово, а по коловозот има наноси од чакал, што го отежнува одвивањето на сообраќајот.

Невремото кое во петокот го погоди Охрид предизвика проблеми во снабдувањето со електрична енергија во одредени населби, како и оштетувања на апарати во домаќинствата. Штети претрпеа и дел од плажите, како и земјоделските површини, каде градот уништи дел од насадите.
OhridNews