Денеска ќе се одржи јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Со цел непречено и безбедно одвивање на спортската манифестација, утрово во делови од Охрид на сила ќе биде посебен сообраќаен режим во траење од неполни 4 часа.

За време на манифестацијата, во периодот од 07:45 до 11:15 часот ќе биде затворен сообраќајот на улиците: Кеј Македонија, ул. Македонски Просветители, ул. Партизанска, ул. Јане Сандански, ул. Димитар Влахов, Булевар Туристичка, ул. Абас Емин, ул. Кирил и Методиј, ул. Илинденска, ул. Коста Абраш, Патека Студенчишта, ил. Свети Наум Охридски. За Вашите возила ви ги посочуваме следните алтернативни паркинг простори и тоа кај Горна Порта, паркингот позади центар за култура „Григор Прличев“ и просторот за паркирање кај поранешниот спортски полигон. Ве молиме Вашите возила да ги паркирате на соодветните места пред утрото на 07 јуни 2026 (недела) бидејќи во спротивно, доколку истото не е паркирано согласно сообраќајните насоки и препораки ќе бидеме приморани Вашето возило да го дислоцираме во соработка со сообраќајната полиција и пајак службата при ЈП “Билјанини Извори”.

Организаторите апелираат до граѓаните на Охрид да покажат разбирање и да се воздржат од употреба на возила во наведениот период.

Г.М.