Македонска пошта продолжува со промовирање на заеднички поштенски марки со други поштенски управи, кои стануваат баран филателистички производ помеѓу колекционерите на меѓународниот филателистички пазар.
Во оваа насока, а согласно Програмата за издавање на поштенски марки на Бирото за филателија на Македонска пошта за 2016 година, во употреба пуштена е и заедничката поштенска марка на Македонска пошта и Федералното Претпријатие “Марка“ од Русија, со мотиви на Охрид и Санкт Петербург.
Следејќи го овој тренд Македонска пошта во текот на 2016 година издаде заедничка поштенска марки со Пошта Косово, чија цел е прмоција на планинскиот туризам, со мотиви од Попова Шапка и Брезовица.
Поддршката што Македонска пошта ја дава за промоција и развој на туризмот преку издавање на ваков вид на поштенски марки ќе продолжи и во иднина, велат од МП. Следна иницијатива ќе биде печатењето на заедничка поштенска марка со Поштата на Јапонија, активност која е силно подржана и од Амбасадата на Република Македонија во Јапонија.
За потсетување, првата заедничка поштенска марка е поштенската марка издадена по повод „100 години од раѓањето на Мајка Тереза“, издадена помеѓу Македонска пошта, Пошта Албанија и Пошта Косово.
OhridNews












