Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, поскапуваат нафтените деривати.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3 ден/лит  и ќе изнесува 62 ден/лит. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 3,5 ден/лит и ќе биде 64 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,5 ден/лит,  а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,174 ден/кг.

OhridNews