По вчерашниот врнежлив ден проследен со невреме, што го зафати Охридскиот регион, денеска ни претстои сончев и топол ден. Ќе преовладува претежно сончево, попладне во планинските подрачја на места облачноста ќе се зголеми. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 29 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8, информира УХМР.

Во недела ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и грмежи и температура до 30 степени.

OhridNews