Кристијано Роналдо после завршување на осминафиналниот дуел меѓу Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед кој заврши без победник 1-1 ја посетил соблекувалната на “ѓаволите“.



– Јас бев во Манчестер Јунајтед шест години и затоа мечот против нив беше премногу емотивен за мене. Таму имам многу пријатели со кои сеуште комуницирам, а тоа другарство секогаш ќе остане –
потенцираше Роналдо.

Патникот во 1/4 финалето ќе се одлучи на Олд Трафорд за три седмици. Роналдо на “театарот на соништата“ ќе се врати после четири години од заминувањето.


– На тој стадион може се да случи, некогаш ние сме подобри во гости отколку дома, но ќе видиме. Чувството да се игра на Олд Трафорд ќе биде феноменално, тоа ќе биде нова емотивна ноќ за мене – рече Роналдо.


Информацијата дека Роналдо ја посетил соблекувалната ја потврди менаџерот на “црвените ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон.

– Зборувавме со него, тој дојде во нашата соблекувална и сите заедно се шегувавме. Тој заедно со нас помина шест години и многу ми е мило што се разви во голем фудбалер. Јас мислам дека никој друг неможе да постигне таков погодок, вклучувајќи го и Меси – посочи Фергусон.

Мх.П.