Во четврток, 3-ти мај, МЈП „Проаква“ ќе спроведе акција за измивање на цевководот и резервоарите, како и санација на поголеми дефекти и сервисирање на големи шибери во градската мрежа и поголеми индустриски објекти во Охрид.

-Поради сложеноста на активностите ќе има целосен прекин во водоснабдувањето на територијата на општина Охрид, почнувајќи од 01:00 часот по полноќ на 3-ти мај па се до 19 часот вечерта. Се молат корисниците навреме да се снабдат со вода за пиење и други потреби. – информира МЈП „Проаква“.

OhridNews