Денеска истекува рокот за пријавување екипи за учество на јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта, кој оваа година има рекорден награден фонд од 500 000 денари.

Победникот на турнирот ќе инкасира 300 000, второпласираниот 120 000, третиот 60 000, а четвртиот 20 000 денари.

Котизацијата за учество изнесува 5000 денари по екипа.

Ждребот за групите е закажан за недела, 15 јуни.

Г.М.