Мешеишта

Од 18.06.2022 - 00:00 до 18.06.2022 - 20:00

Денеска истекува рокот за пријавување екипи за учество на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.

Пријавувањето за учество ќе се врши уште денеска, 18 јуни, до 20 часот.

47-то издание на турнирот ќе се одржи во периодот од 20 јуни до 12 јули, инфомираат од организациониот одбор.

Распоредот на екипите во групи ќе се направи на 19 јуни, а за учество на истиот се плаќа 3000 денари, додваат од организациониот одбор.

OhridNews