Општинскиот Совет, како што е најавено, денеска ќе ја одржи шеесет и четвртата седница, последна во сегашниот состав.

На дневен ред ќе се најдат 21 точка. Меѓу темите по кои ќе расправаат членовите на Советот на оваа седница,  преовладуваат Извештаите  за финансиското работење и  годишната  сметка  за 2008. година за сите основни и средни училишта на подрачјето на општината како и  Детската градинка „Јасна Ристеска“.

Меѓу другите точки  се и Предлог-Одлуката за усвојување на Годишниот извештај  и Завршната сметка на Буџетот на општина Охрид  за минатата година; Предлог- одлуките за усвојување на  годишните Извештаи за работа односно  Завршните  сметки за минатогодишното работење на општинските Јавни Претприајтија „Охридски Комуналец“,  МЈП „Проаква“  и „Билјанини Извори’.

За седницата се предложени и Предлог-Одлуката за донесување Програма за управување со отпад  за 2009. година и Предлог-Одлуката за донесување План за управување  со отпад во општина Охрид за годинава.

Шеесет и четвртата седница советот ја одржува во екот на изборната кампања, што предизвика негодување кај дел од советниците.

Ohridnews