Поставени фотоволтаични панели за потребите на чуварската служба на депонијата „Буково“, информираа од Ј.П. „Охридски Комуналец“. Како што велат од претпријатието, со ова е надминат проблемот со немањето соодветни услови за снабдување со електрична енергија.
Панелите се донација од фирмата „КМГ ЕОЛ КВАЗАР” Скопје и со нивното поставување се исполнети условите за непречено функционирање на чуварската служба во три смени, велат од Ј.П. „Охридски Комуналец“.
Од претпријатието информираа дека е поставена и нова рампа со цел спречување на нелегално влегување во просторот на депонијата.
OhridNews












