На Самитот на „последната шанса“ за излез на еврозоната од должничката криза, кој заврши изутринава некаде околу 4 часот по десет часа заседавање, европските лидери успеаја да постигнат договор со банките што го „поседуваат“ грчкиот долг, со кој тие се согласија да избришат половина од долгувањата на Грција, пренесеува националната телевизија „Телма“.

Долгот на Грција кој изнесува околу 350 милијарди евра со договорот ќе биде намален за околу 100 милијарди евра. Во замена на простувањето на дел од долгот, постигнат е договор за декапитализација на банките кои имаат потреба од тоа.

Шефововите на државите или владите на еврозоната исто така одлулија да го зголенат обемот на Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФФС) на 1.000 милијарди евра од сегашните 440 милијарди евра.

Сепак, според многу аналитичари дополнителните средства во Фондот би биле недоволни да се спречи евентуален колапс на еврозоната, доколку дојде до продлабочување на должничката криза во Италија или Шпанија.

Реакции на договорот за надминување на кризата во еврозоната

– Европските лидери го поздравија договорот постигнат во Брисел за реструктуирање на грчкиот долг, со кој приватните инвеститори прифатија да се откажат од 50 проценти од нивните побарувања.

Претседателот на Европската централна Банка (ЕЦБ) Жан-Клод Трише ги поздрави овие, како што рече, „крајно важни одлуки“ на лидерите на еврозоната.

– Донесовме крајно важни одлуки во повеќе области. Сето ова, сега бара многу работа и многу брза работа, изјави Трише, кој на почетокот од номеври ја напушта функцијата во ЕЦБ.

Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и поранешен француски министер за финансии Кристин Лагард го поздраваи „суштинскиот напредок“ постигнат на европскиот самит во Брисел, честитајќи им на лидеритете на еврозоната, кои „успеаја да донесат програма што ќе одговори на кризата во регионот.

– Сега имам намера да му препорачам на Управниот совет на ММФ да ја исплати новата транша од помошта на Грција, рече Лагард, подвлекувајќи дека решавачко било прифаќањето на економските реформи од страна на грчката Влада.

Германската канцеларка Ангела Меркел по завршувањето на Самитот оцени дека еврозоната се покажала на „нивото на очекувањата“ и дека го направила „тоа што требаше да се направи за еврото“ со тоа што успеа да постигне согласност за еден поширок план за справување со долгот. Таа призна дека договорот кој беше постигнат изутринава воопшто не бил евидентен пред неколку дена.

Францускиот претседател Никола Саркози го поздрави склучувањето на „амбициозниот и кредибилен“ договор против кризата.

– Усвоивме елементи на глобален одговор, на еден амбициозен и кредибилен одговор на кризата која ја зафати еврозоната, рече Саркози.

Изразувајќи убеденост дека резултатот ќе биде прифатен со олеснување од целиот свет, кој очекуваше одговори од еврозоната, Саркози додаде дека светот очекуваше катастрофа во случај на непостигнување на договор.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјави дека Грција  ќе може повторно да се вратила на меѓународниот финансиски пазар пред 2021 година, како што предвидува ММФ, но под услов да ги спроведе на дело реформите. Според него, спроведувањето на реформите нема да трае десет години, тоа ќе се одвива побрзо, бидејќи сега долгот станува „поднослив“ за Грција.

OhridNews
извор: Тв „Телма“