На првиот ден од новата седмица во Охрид не очекува постудено време и повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде 9 степени, а минималната 3.

Од вторник се очекува стабилизирање на временските услови. До крајот на неделата времето во Охрид ќе биде сончево и топло, со дневна темепратура од 11 степени во вторник, и од 15 до 17 степени во останатите денови од седмицата. Минималната температура ќе се движи од третиот до шестиот степен целзиусов.