Денталниот и активниот туризам со акцент на традиционалните вредности на Охридско – струшкиот регион се претставуваат на Саемот за туризам во Берлин, кој завршува утре.

Потенцијалите на денталниот туризам во Охрид ги претставува стоматолошкиот бренд и лидерот во иновации во оваа област кај нас, стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

– Повеќегодишните напори во развој на денталниот туризам во Охрид носат резултати. Од година во година сé поголем е бројот на странци кои доаѓаат за да одмораат во Охрид и да добијат врвна стоматолошка услуга по европски стандарди во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“. Веруваме дека нивниот број во иднина ќе се зголемува. – велат од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

На саемот во Берлин можностите за активен туризам, традиционалните вредности и познатите специјалитети од домашната кујна ги претставува ресторанот „Виа Игнација“ од Вевчани. Овој ресторан долги години вниматено го гради својот имиџ, а се поголем е бројот на странски туристи кои го посетуваат ова место.

Оваа година на саемот во Берлин се претставуваат учесници од 187 земји од пет континенти. Туристичката понуда е претставена во 24 хали, а се очекува саемот да го посетат 26.000 конференциски посетители, 60.000 приватни и околу 120.000 трговски посетители.

OhridNews