Потпишан Договорот за заштита на Преспанското Езеро
03.02.10 12:46
Вчера во местото Пили (Винени) на грчката страна на Преспа се потпиша меѓународниот Договор за заштита на Преспанското Езеро. Договорот во кој страни потписнички се Република Македонија, Грција, Албанија и Европската Комисија, има цел заштита и промоција на Преспанскиот регион и има засилена политичка компонента заради спецификите на регионот Преспа, вели Дејан Пановски – Координатор за проектот за Преспа од Министерството за жив.средина.
” Промовирањето на таканаречената зелена дипломатија уште еднаш покажа дека екологијатаможе да биде силен двигател и на политичките процеси во регионот. ВаквиотДоговор ќе даде шанса за просперитет на Преспанскиот регион , неговаеколошка и туристичка промоција од која бенефит ќе имаат сите држави.Европската Унија како потписник на Договорот е гарант повеќе за тоа. Сенадевам овој Договор ќе придонесе и за побрзо отворање на нов граниченпремин кај Маркова нога што ќе ја олесни комуникацијата меѓу државите како ипротокот на науката , пазарот и луѓето во регионот ” , истакна Пановски.
Со Договорот ќе се формираат меѓународен Комитет и Секретаријат и страните се обврзуваат за заедничка заштита и меѓусебна помош во заштитата која ќе произлезе од секоја страна посебно , притоа задржувајќи ја европската компонента , европските директиви и политики во управување со басените. Поради тоа во Договорот се реферира дека сите напори ќе се корпорираат во целокупното управување на единствениот Дримски басен, додава Пановски.
Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за 4,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторнате комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управ...
Театарската претстава „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле на репертоарот на Народен театар Охрид во сабота, 03102026 година, со почеток во 2000 часот Актерската екипа на претставата ја сочинува Ст...
Образовен настан посветен на европските вредности, можностите што ги нуди програмата Еразмус+ и размена на добри образовни практики со кои се отвораат нови перспективи за локалното основно училиште...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.