Во рамки на Бизнис Форумот за привлекување на странски инвестиции, што се одржа во Скопје, директорот на МЈП Проаква Томе Паскалоски и  генералниот директор на водоснабдителната компанија од град Будимпешта, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете компании.

Како што појаснуваат од МЈП Проаква, целта на потпишување меморандумот  е размена и пренесување на позитивни искуства во менаџирањето на двете претпријатија од областа на водоснабдувањето, заштита на човековата околина и Охридското Езеро, како и размена на искуства за полесен пристап до европските фондови за формите на финансирање во изградбата на водоснабдителната инфраструктура и објектите од канализациониот и колекторскиот систем.

OhridNews