Потпишан Меморандум за соработка, помеѓу Општина Охрид и Филозофскиот факултет на денешната одржана средбата помеѓу градоначалникот Кирил Пецаков и деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Ратко Дуев.
Со меморандумот дефинирани се целите на идната соработка, а кои се однесуваат на взаемната размена на информации, знаења и искуства, обезбедување квалитетни деловно стручни услуги, како и учество, соработка и реализација на заеднички проекти, настани за промоција и заштита на културното наследство, информираат од Општина Охрид.
Реализацијата на зацртаните цели ќе се спроведува преку практична работа на студентите, заедничко организирање на научни и студентски конференции, обуки, летни школи, семинари, работилници, промоции и трибини, додаваат во соопштението.
OhridNews












