Денес во Охрид беше потпишан меморандум помеѓу Атлетската Федерација на Македонија претставувана од Г-дин Цветко Грозданов , претседател на федерацијата  и  Општина Охрид, претставувана од Г-дин Александар Петрески, Градоначалник на Охрид.


– Овој меморандум се склучува врз основа на веке склучената соработка помеѓу Атлетската Федерација на Македонија , Македонскиот Олимписки комитет, Владата на Р.М претставувана од Агенцијата за Млади и Спорт склучен на ден 03-07-2009 год, како и Европскиот Олимписки Комитет, Меѓународните асоцијации на Атлетски Федрерации и Мондо С.П.А Италија склучен на ден 29-07-2008 год. – информираше Грозданов.

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески изрази задоволство од договорот и изградбата на стазата која од ваков карактер ќе биде прва во Македонија.

– Посебно задоволство ми преставува тоа што Охрид ќе добие вака модерна патека која очекувам во голема мера да помогне на развојот на овај спорт како и развој на спортскиот туризам – рече Петрески.

Отварањето на стазата е планирано за септември на некој пригоден датум кој допрва ќе биде одреден.

М.Постоловски