Современите општества чиј развој го диктира глобализацијата се пред крстопат и оттаму мошне е значајно како тие ќе ги подготват младите генерации да одговорат на современите предизвици, сметаат просветните работници. Според нив клучнно за тоа ќе биде прилагодувањето на воспитно образовниот систем на современите текови.

Впечаток е дека големиот број информации на кои младите се
изложени просто создаваат еден штит кон тие основни дилеми кои што ги 
имале младите отсекогаш, а ги имаат и денеска, и ние не знаеме како да им
пријдеме. Затоа сметам дека е неопходно сите ние кои што сме вклучени во
образовниот процес да се дообучуваме и да се менуваме за да одговориме на овие
предизвици
.-вели проф. Д-р Елена Думова –Јовановска, проректор за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.


Просветните работници сметаат дека е потребно да се изгради нов систем на вредности, бидејќи традиционалните вредности веќе ги надминало времето.

– Ние не можеме да ја отфрлиме
традицијата или современото безрезервно да го прифатиме, што значи дека
треба да се најде некој спој помеѓу современото и традиционалното,
односно  она што значи добра традиција да ја надградиме со она што е
современо. Ако го пратиме овој концепт сметам дека ќе имаме успех во
образованието.
-вели проф. Д-р Анита Баракоска, раководител на Институтот за педагогија.


Педагозите укажуваат дека во време на глобализација неопходен е и нов концепт на воспитување на младите, кои пред се треба да бидат подготвени за предизвиците на новото време, односно да го прифатат концептот на доживотно учење, што значи да бидат способни да учат и да се надргадуваат, затоа што сите одговори не може да се бараат во формалната поставеност
на образовниот систем.


На тема „Воспитанието и образованието меѓу традиционалното и современотосе“ се дискутира на научниот симпозиум во Охрид со кој Институтот за педагогија при Филозофскиот факуптет во Скопје одбележува 65 години од постоењето.

Г. Момироски