
– Потребата од поголема афирмација на заштитата на Охридското Езеро и заштитата на животната средина ја наметнаа потребата од финансирање на активноста за подигање на јавната свест кај населението и институциите во регионот што ќе се реализира низ повеќе програмирани активности, се наведува во предлог програма за 2009 година на РЕ „Колектор“.
Покрај ова ќе биде иницинира изработка на техничка документација за заштита на Охридското Езеро и реката Црни Дрим од штетното влијание на отпадниет води кои директно или индиректно од сливното подрачје на Македонската страна доаѓаат во Охридското Езеро или реката Црни Дрим.
Акцент во 2009 година ќе биде ставен на ревитализација на колекторскиот систем за што јавното претпријатие пресметало дека ќе му бидат потребни околу 12 милиони денари.











