Вчера во 21,30 часот во СВР- Охрид од страна на 47- годишна охриѓанка било пријавено дека лицето, кое веќе три дена како потстанар престојува во стан во нејзина сопственост, не може да го добие на мобилен телефон, ниту пак ја отворал вратата од станот, која била заклучена од внатрешната страна.

Полициските службеници излегле на лице место, при што ја отвориле вратата, а потстанарот, лицето Ц.Ѓ. (1963) од струшкото село Јабланица, било пронајдено починато.

Смртта ја потврдил и лекар, а увид на лице место извршиле јавен обвинител,истражен судија , патолог и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на истражен судија , телото на починатиот е дадено на обдукција.

OhridNews