Во апелот упатен до ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ПЕИ, ДОМ и ВМРО НП, се бара тие да го подржат барањето на 26 невладини организации и да застанет зад еден кандидат за градоначалник:
„На овие избори и преку таа ваша поддршка да бидете дел од новите промени во нашата општина. Ситуацијата во нашата општина во последниве години наназад воопште не е мрдната од мртва точка, дури и се влошува. Струга од еден прекрасен туристички центар во нашата држава е ставена како заложник на интересите на поединици и се гуши и тоне од нивните напластени проблеми. Денес без ралика дали секој од вас/нас живее во градот Струга, во Мислешево, Радолишта, Лабуништа, Октиси, Враништа или во некое друго населено место, кај сите нас е иста болката за уништувањето на нашата општина град,село.
Сметаме дека како докажан човек во својата професија и човек кој се бори за интересите и правата на своите граѓани, би била најшироко прифатена личност зад која сите гореспоменати партии, здруженија на граѓани, бизнисмени, поедници и други влијателни личности и професии, би ја поддржале како надпартиска, и би била идеална можност на овие избори да ја добие довербата од мнозинството граѓани, а со тоа нашата општина би добила еден современ и угледен човек, човек кој ќе се бори и заложи да Струга го добие старото светло и прерасне во еден современ и модерен туристички центар, кој ќе биде рамо до рамо со своите конкурети“, се вели меѓу другото во апелот на 26 НВО организации од Струга.