Државната изборна комисија ги потврди кандидатурите за градоначалници и советнички листи. Потврдени се 303 листи за градоначалници и 567 за советници велат Државната изборна комисија. Има отфрлени две листи за градоначалници, односно во Охрид и Струга по една и шест за советници во Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово.

Во Охрид кандидати за градоначалници се Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“, Константин Георгиески од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“  и Гоце Цветкоски од Трајно Македонско Радикално Обединување – ТМРО.

Поднесени се 11 кандидатски листи за советници и тоа од ВМРО-ДПМНЕ  предводена од  Сашо Донев, носител на кандидатска лиска  од  СДСМ е Науме Јованоски, од Левица Виолета Аврамоска, од ДУИ кандидатската листа за членови на совет ја предводи Нефи Усеини, своја листа има поднесено и  коалицијата „Движење одлучно за промени“ со носител  Александар Станкоски, кандидатската листа на  партијата Единствена Македонија е на чело со Владимир Суклоски, носител на листа од ТМРО е Магдалена Наумоска, а од движењето Беса  Џемал Мена.

И во Дебрца тројца кандидати за градоначалници. Од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ се кандидира Игор Крцоски, од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ е кандидатот Сашо Силјаноски, а како независен се кандидираше актуелниот градоначалник Зоран Ногачески.

Шест носители на листи во општина Дебрца.  Листата од СДСМ и коалицијата ја предводи Ромео Печоски, од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Илчо Алексоски, од Единствена Македонија Трене Блажески и поднесени се две независни листи каде носители се Александар Николоски и Димче Андрески, како и Движење одлучно за промени предводена од ЛДП и ДОМ, чиј ностел е Даниел Огненоски.

7 потврдени листи за кандидати за градоначалници во општина Струга и 10 листи за советници. Рамис Мерко од ДУИ, Насто Палиоски од Трајно Македонско Радикално Обединување – ТМРО, Идри Истрефи од Алијанса за Албанците и алтернатива, Димче Шипинкаровски од СДСМ, Абдула Ќазимоски од Движењето Беса, Лубе Петревски од Политичка партија Демократи и Самир Муртезоски од ДПА.

Потврдени се листите за советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ носител на листата Ален Деребан, Алијанса за Албанците и Алтернатива носител Нијази Џумкар, ДУИ со носителот на листата Арбереша Влаши, Единствена Македонија носител Захарије Шурдоски, СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ со ностел на листата Ирина Јолдеска, Движењето Беса со Фатмир Емуш, Политичка партија Левица со Јована Мојсоска, Движењето Одлучно за промени со Илија Пејоски, Демократска партија на Турците на Македонија со носител Емин Џумкар и Демократска Партија на Абанците-ДПА со носителот на листата Јетмир Мазари.

Во Вевчани потврдени две листи за градоначалници и две листи за советници. Сашо Јанкоски од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ и Спасе Кочоски од Вмро Дпмне и коалицијата „Обнова за Македонија“. И листите за советници се поднесени од СДСМ и коалицијата чиј носител е Леон Парталоски, додека од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата носител на листата е Леон Даскалоски.

Изборната кампања започнува на 27 септември и ќе трае до 15 октомври. Првиот круг избори ќе се одржи на 17 октомври.

Н.С.Ј.