Синоќа во 19.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што користеле затворен хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор.

Во Општата болница во Охрид биле пренесени две млади лица од Охрид, како и 45 и 37-годишен жител на Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени 42-годишен скопјанец и две малолетни лица, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид. Се работи на расчистување на случајот, соопшти Димоски.

OhridNews