Во оружен инцидент што се случил вчера во градот Фресна, во американската сојузна држава Калиформија убиени се четири лица, а шест биле ранети.

Каако што соопшти тамошната полиција, повеќе луѓе се собрале во двор од куќа да гледаат фудбал. Непознати лица влегле во дворот и почнале да пукаат. Три безживотни тела биле пронајдени во дворот и на улица, а едно лице починало во болница.

Мотивите за пукањето засега се непознати.

OhridNews
фото: скриншот Јутјуб