Земјоделство, туризам, инвестииции во Индустриско – технолошките развојни зона како и експлоатација на минералните суровини се секторите за кои се заинтересирани стопанствениците од Украина.

Сојузот на стопански комори викендов, одржа средба со стопанствениците од Стопанската комора на Украина. Украинската делегација е заинтересирана да го прошири својот бизнис во Македонија.

Претставницита на компаниите од Украина остварија контакти со македонски компании од различни стопански дејности, како градежништво, метало преработувачка индустрија, туризам, земјоделство како и производство на вино и вода. Главни сектори на интерес се земјоделство, хотелиерство, инвестиции во индустриската зона, експлоатацијата на минералните суровини, а пројавија интерес и за инвестиции во секторот енергетика.

Поконкретно по примерот на Русите во Црна Гора, сакаат да градат луксузни хотели, токму затоа денес и планираат посета во Охрид. Во секторот земјоделство се заинтересирани особено за откуп на македонски земјоделски производи од  дистрибутивните центри и извоз не само во Украина и Русија, туку и во други делови на Европа. Условите за инвестиции во индустриските зони им изгледаат доста поволни. Украинските компании планираат од Македонија да извезуваат и финални производи од руда.

На едночасовната официјална средбата претседателот на Украинската стопанска комора, Генади Чижиков, потпиша меморандум за соработка со претседателот на Сојуз на стопански комори, Златко Калеников. Потоа, бизнисмените од двете комори, го продлабочија пријателството со вечра и дегустирација на македонските вина.

OhridNews