Според прогнозата времето во Охрид наредната седмица ќе биде претежно сончево и топло. Врнежи од дожд се можни во првите два дена, понеделник и вторник, а во останатите денови времето ќе биде стабилно. Дневната температура ќе се движи од 19 до 21 степени, а минималната од 9 до 13.
Краткотрајни врнежи од дожд се очекуваат идната сабота, а во недела покачување на температурата која ќе достигне до 26 степени.
OhridNews












