Инцидентот како што дознава Охридњуз се случил денеска на автопатот во изградба Охрид-Кичево. Работникот од Кина кој бил работно ангажиран во изградбата на автопатската делница од засега неразјаснети околности бил повреден од возило.

Информацијата за Охридњуз ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека во моментов се работи на утврдување на околностите кои довеле до несреќата. Повеќе детали тој најави во текот на денот.

Повредениот работник итно бил пренесен во Специјализираната болница Свети Еразмо во Охрид и неофицијално лицето е надвор од животна опасност.

OhridNews