На 28.04.2026 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди на ногата било донесено 36-годипшно лице од с.Мороишта, струшко.
Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за градежна фирма од Струга на автопатот во изградба Охрид-Кичево, односно при утовар-истовар на бетонски цевки паднала една цевка и го повредила, информираат од МВР.
Посочуваат дека увид на местото извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор.
OhridNews













