Поради настанат дефект на водоводната мрежа – пукната цевка на улицата „Абас Емин” од вчера вечерта без водоснабдување се корисниците на улицата „Абас Емин“ на потегот од пресекот со улицата „Охридска
Бригада“ до пресекот со улицата „Крали Марко“.
Изведувањето на градежни работи на улицата „Абас Емин“ од страна на изведувачот на реконструкцијата на улицата и големата количина на дожд која наврна
изминатите два дена доведоа до тонење на земјата и пукање на цевката.-информира ЈП Водовод.

OhridNews
Фото: Архива











