Од попладнево повторно гори депонијата во непосредна близина на Струга.
На местото на настанот упатена е екипа на територијалната противпожарна единица од Струга која интервенира со едно возило.
Дополнително во гаснењето на пожарот учествуваат и екипи на јавното комунално претпријатие од Струга.
Граѓаните на Струга се вознемирени од повторното палење на депонијата која со извесни прекини гори од средината на април.
OhridNews












