Попладнево повторно е опожарена трската кај Подмоље. Огнот зафати голема површина од трската на потегот од Подмоље до Свети Еразмо, како и неколку повисоки стебла. Екипи од охридската Противпожарна служба се на терен и се обидуваат да го локализираат и игзаснат пожарот.

Трската во Подмоље и претходно беше опожарена во неколку наврати. Последниот пат кон крајот на минатиот месец.

OhridNews