Вчера утрото во 7 часот, пријавен бил пожар во стан на улицата „Карпош Војвода“, сопственост на 70-годишно лице од Охрид.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а К.Џ. и неговото семејство поради вдишен чад биле пренесени во Медицински центар Охрид. – соопшти СВР Охрид.

Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.

OhridNews