Вчера во 12.23 часот во СВР Охрид, пријавен бил пожар во куќа во охридското село Лескоец, сопственост на 63-годишен жител.

Во пожарот, во кој нема повредени лица, предизвикана е материјална штета на кровната конструкција а истиот бил изгаснат од територијалната против пожарна единица. – информира СВР Охрид

Охридската полиција информира дека поднела кривична пријава против 24-годишен жител на охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суостанции и прекурсори“.

При преглед во неговото патничко моторно возило, извршен на кеј „Македонија“, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кеса со опојна дрога Марихуана. – се вели во соопштението на СВР Охрид.

OhridNews