Вчера во 02.15 часот во СВР Охрид пријавен билпожар во угостителски објект во охридската населба Пештани, сопственост на лице од истото село, при што биле оштетени повеќе електрични уреди.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид, а по извршениот увид во присуство на вешто лице, констатирано е дека причина за пожарот е неисправна електротехничка инсталација, соопшти СВР Охрид.
Исто така вчера, полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија 22-годишен државјанин на Република Албанија. Тој, околу 14 часот, додека управувал патничко возило „Мерцедес“, со албански национални ознаки, бил сопрен од полициски службеници на улицата „Партизански одреди“ во Струга и во возилото биле затекнати и две други лица кои немале документи за идентификација. При преземањето на службените мерки, сега приведениот физички им се спротивставил на полициските службеници. Двете лица се приведени во полициска станица, при што утврдено е дека станува збор за албанските државјани.
По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, најави полицијата.












