Пожарите во Грција до раните утрински часови земаа најмалку 24 животи. Повредени се над 100 лица, од кои 11 се во критична состојба. Грчките медиуми информираат дека ова е најголемиот пожар во земјата во изминатата деценија.

Грција побара меѓународна помош од Европската унија, бидејќи во пожарите на двете страни од Атина изгоеа куќи, фарми, шуми, автомобили. Стотици луѓе, вчера се евакуираа на плажите и поморските бродови и јахти.

Ветрот кој дува 80 километри на час го разбеснува пожарот, а местата ги надлетуваат авиони со водени топови. Грчката власт ангажираше и беспилотни летала, а на теренот се над 80 пожарникари.

Областа кај крајбрежјето сега е инпровизирана болница. Крајбрежната стража пронашла четири тела во море, на растојание кратко од пожарите.

„Тешка ноќ за Грција“, рече премиерот Алексис Ципрас откако ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и се врати во Атина.

OhridNews

Макфакс