Силниот ветер вчера попладне, го разгоре пожарот во „Јасен“, каде што огнените пламени зафатија и висока борова шума, пренесува „Макфакс“.
Авионите на дирекцијата за заштита и спасување дејствуваа со 48 исфрлања вода, а во гаснењето беа вклучени и два хеликоптера.
Гори и во атарот на селата тажево и Брезница, Општина Македонски Брод, каде што гори борова шума.
Пожарот кај Радуша е под контрола, а на терен дежураат петмина пожарникари.
Меѓу селата Никиштани и Грачани, Општина Ѓорче Петров, гори приватна дабова шума, заради што екипите на Македонски шуми не дејствуваат. Пожарникарите исто не гаснат бидејќи имаат информации дека на теренот има неексплодирани мини.
Пожар се појави кај селото Гургурница, Општина Брвеница, каде што гореше бујна борова шума, но по интервенцијата на авионите, пожарот беше изгаснат.
Активен е пожарот и околу велешките села Бањица, Дреново и Лисиче, каде што гори габер, даб и стара сеча. На терен се ангажирани седум вработени од Шумско стопанство. Пожарот намерно се потпалува за што е известен и МВР. 
OhridNews