По дводневно гаснење на пожарот кој избувна во близина на селото Велмеј во Дебрца, утрово, огнената стихија е ставена под контрола.

Од охридската Противпожарна служба информираат дека пожарот е локализиран, со што е спречено понатамошно ширење, но нивните екипи и понатаму се на терен.

Во гаснењето на пожарот учествуваа екипте на охридската Противпожарна служба, вработени од Македонски шуми како и два авиони, затоа што стануваше збор за тешко достапен терен.

Првичните проценки се дека во пожарот се опфатени околу 70 хектари шума, во најголем дел нискостеблеста дабова шума а причината за пожарот кој првично избил покрај патот, најверојатно е човечки фактор.

Од Македонски шуми информираат дека повеќе нема оган по граничната линија на пожарот, додека во неговото средиште се’ уште има чад. Надлежните велат дека не се точни информациите дека во опадсност биле околните населени места посочувајќи дека тие воопшто не биле загрозени.

OhridNews