Иако вчера, од страна на противпожарните служби, вработени од Македонски шуми, селани и два авиони, пожарот во близина на селото Велмеј беше ставен под контрола, огнената стихија повторно зеде замав.

Надлежните информираат дека засега нема опасност за околните куќи, но состојбата будно се следи.

  • И денес авионите го гаснеа пожарот, но не успеаја да го изгаснат. Засега нема опасност пожарот да се прошири кон куќите , но ситуацијата будно се следи. На терен сме постојано и ако треба ќе повикаме и дополнителна помош, вели градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески.

Според првичните информации со пожарот се опфатени околу 70 хектари дабова шума, во тешко пристапен дел. Причината за избувнувањето, најверојатно е човечки фактор.

OhridNews