Се уште е активен пожарот на планината „Јабланица“, во близина на струшкото село Вишни.

Жителите се загрижени дека пламените јазици ќе ги зафатат куќите, но од Територијалната противпожарна единица смируваат дека не постои опасност огнот да стигне до селото.

Екипи на ТППЕ Струга и Шумското стопанство 24 часа се на терен и ја следат состојбата. Не треба да се прави паника меѓу населението, огнот е далеку и нема ризик за селото, изјави командирот на струшката пожарна Фети Мазари.

Пожарот на Јабланица, четврти ден е активен. Поради непристапноста на теренот од земја неможе да се пристапи со гасење.

OhridNews